Ученици

Документи за првачиња

2025/2026
Документи кои треба родителот/старателот да ги пополни

Раководители на паралелки

Одделенска настава
Предметна настава

Ученички клубови

Ученички тела

Заедницата на паралелката ја сочинуваат сите ученици во паралелката. Секоја заедница избира претседател, заменик-претседател, постојани и повремени тела. Работата на заедницата ја раководи претседателот на паралелката.

Претседателот е должен да свикува најмалку еден состанок месечно, на кој се разгледуваат тековните потреби и проблеми на учениците, се дискутира за текот на спроведувањето на активностите и се договараат идни активности во согласност со нивните потреби. На првиот состанок се изготвува план за работа за период од една учебна година.

Ученичкиот парламент е формална институција загарантирана со закон, која им овозможува на учениците демократски начин на здружување со цел застапување на интересите на сите ученици во училиштето, како и учество во донесувањето одлуки што директно влијаат врз нив.

Ученичкиот парламент го сочинуваат претседателите на заедниците на паралелките. На првиот состанок се избираат претседател и заменик-претседател на парламентот.

Процесот на колективно одлучување подразбира дека мислењето на секој ученик треба да биде сослушано и земено предвид при донесувањето на конечната одлука. При искажување на сопственото мислење, ученикот треба да има предвид дека и другите имаат исто право. Учеството во процесот на донесување одлуки не значи дека секое мислење мора да влијае на конечната одлука, туку дека процесот подразбира размена, соработка, активно слушање и меѓусебно почитување, а не однос на победници и губитници.

За поуспешна работа на Ученичкиот парламент изработена е Годишна програма за работа, распределена по месеци за целата учебна година. Како координатор на работата на Ученичкиот парламент, во смисла на давање насоки и стручна поддршка, е задолжен психологот на училиштето, Наташа Стефановска.

Ученикот правобранител е ученик избран од страна на Ученичкиот парламент со задача да ги промовира и штити правата на учениците, да препознава повреди на детските права во рамките на училиштето и да ги пријавува до надлежните служби во и надвор од училиштето.

Промовирањето на детските права се реализира преку различни активности (едукативни работилници, дебати и слично), со поддршка од стручната служба во училиштето. Дополнително, правобранителот обезбедува поддршка за заштита на детските права и информирање на учениците. Тој препознава прекршувања на детските права, собира поплаки од учениците и ги доставува до стручната служба за понатамошно постапување.

Ученикот правобранител одржува редовни месечни состаноци со стручната служба и активно учествува во работата на Ученичкиот парламент.