Активности

Активности од 2024

Предавање од полиција за превенција од зависности

На ден 24.10.2024 и 29.10.2024 година на наше барање, како дел од Годишната програма за работа на училиштето, се одржа предавање за превенција од зависностите алкохол,пушење и дрога. Наменета беше за ученици од 8 и 9 одделение. Одржана беше од Полициска станица Карпош.

Работилница од Агенција за електронски комуникации

На ден 22.10.2024 година се одржа работилница за ученици од VI-IX одд, организирана од АЕК, по претходно барање од училиштето заради превенција и едукација на ученциите за сајбернасилство. Работилницата беше за рано предупредување и дејствување од областа на сајбербезбедноста. Информирани беа учениците за изложеноста од опасност од несоодветни содржини на социјалните мрежи, опасност од неправилно користење и тоа:
1. Користење на силни лозинки за поголема безбедност

2. Работи на кои треба да се внимава кога се споделуваат информации на
социјалните мрежи

3. Тенката граница помеѓу забавата и TikTok

“Родителство за животното здравје”

Во периодот од март до мај 2024 година, стручните соработници (педагог и психолог) учествуваа во реализацијата на проектот „Родителство за животно здравје“, организиран од Центарот за родителство „Алтернатива“, со поддршка од Општина Карпош. На 11, 12 и 13 март 2024 година, стручните соработници педагог Даниела Панајотова и психолог Светлана Јовевска учествуваа на тридневна обука, на која се стекнаа со сертификат за фасилитатори. Во периодот од април до мај реализираа циклус од пет сесии наменети за родители на деца на возраст од 5 до 10 години. Секоја сесија траеше по два часа и обработуваше посебна тематика согласно програмата за родителство. Преку интерактивни работилници, родителите стекнуваа практични вештини за унапредување на родителските компетенции. На обуките учествуваа вкупно 11 родители. Во текот на реализацијата беа одржани и две супервизиски средби со тренерите од „Алтернатива“, на кои се разгледуваа текот на работата и предизвиците во спроведувањето на сесиите. Повратните информации од родителите беа исклучително позитивни. Тие изразија задоволство од начинот на водење на работилниците и од стекнатите сознанија, особено во делот на личниот развој како родители и примената на наученото во односот со нивните деца.

Секоја сесија претставуваше предизвик, но истовремено и значајно искуство, кое завршуваше со позитивни чувства и задоволство од постигнатите резултати.

Посета на саем “Науката и јас”

На ден 17.10.2024(четврток) беше организирана посета на ученици од VI одделение од О.У.Петар-Поп Арсов заедно со предметен наставник по природни науки Маја Митева,на настан ,,Саем за наука“во соработка со НВО Македонија 2025 и фабриката Џонсон Мети.Саемот се одржа во просториите на О.У. Владо Тасевски со присуство на Градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевче Јакимовски и претставници од општината,како и ученици од VI одделение од сите подрачни училишта на територија на Општина Карпош.На настанот присуствуваа и генералниот директор на Џонсон Мети г-дин Боријан Борозанов и претставници од хемискиот оддел на фабриката со свој штанд на саемот.Во рамките на саемот со свој штанд,покрај училиштето домаќин свое учество земаа и ученици од ,,Невена Георгиева Дуња“(Општина Кисела Вода),,Браќа Миладиновци“(Општина Аеродром) и ,,Емин Дураку“(с.Буковик, Општина Сарај),заедно со своите ментори-предметни наставници по природни науки.
Учениците имаа можност да се запознаат со експерименти со импровизација на ерупција на вулкан,демонстрација на ефект на Аурора Бореалис,експеримент за струјно коло,како и експеримент за оштетување на озонската обвивка и показателите на хемиски промени.
Исто така беа презентирани експерименти со т.н.невидливо мастило и лава ламба,како и проект соприказ на вселената,магнетизам и глобално затоплување.
Претставниците од Џонсон Мети одржаа куса презентација за својата компанија и изведоа неколку експерименти.

“Родителство за цело животно здравје- FLOURISH”

Во периодот од 24.11. 2024 до 26.12.2024 година во нашето училиште се одржа 6 сесија од обуката за родители и адолесценти на возраст од 11-14 години, во рамки на проектот “Родителство за цело животно здравје- FLOURISH”, во соработка со Експертскиот Центар за родителство “Алтернатива”, во договор со општина Карпош. Обуката ја држеа психологот од училиштето Светлана Јовевска, и психолог од друго основно училиште, Гордана Несторовска, во улога на фасилитатори за обуката. На обуката присуствуваа 10 родители заедно со своите адолесценти (10), каде практично се стекнаа со вештини за позитивно родителство.
Обработивме тематики кои се важни за изградба на позитивен однос со своето дете како основа за справување со понатамошни предизвици низ адолесцентниот период. Програмата беше фокусирана на односите родител-адолесцент, решавање проблеми и управување со емоции за да се намалат ризиците од несоодветно однесување.
Посакуваме и понатаму да ја градат и зацврстуваат нивната врска како родител-дете која е особено значајна за адолесцентите да се стекнат со одговорност и нивна емоционална добросостојба и ментално здравје.

Меѓуетничка интеграција во образованието

2022
МИО патронат со Тефејјуз

По повод одбележувањето на Патрониот празник на нашето училиште ООУ “Петар Поп Арсов“ во петокот на 21.10.2022 година на покана на директорката на нашето училиште се одржа заедничка средба и активности со ученици и наставници од партнер училиштето ООУ„Тефејјуз“ од Општина Чаир.Средбата беше со задоволство прифатена од страна на директорот на Тефејуз Саладин Зекир.На средбата беа и координаторот на СИТ тиомот за МИО Јелиз Ахмет ,колешката од тимот Шенај Селим и колегата по физичко и здравствено образование Ердинч Сали.

Прво учениците и наставниците беа примени од директорката на училиштето Даниела Штерјова, педагогот Даниела Панајотова, психологот Светлана Јовевска и членови на СИТ тимот за МИО од училиштето. Потоа учениците од Тефејјуз заедно со нашите ученици учествуваа во заедничка ЕКО акција за средување и разубавување на дворот на училиштето,садење декоративни цвеќиња во ЕКО училницата.


Следна активност беше заеднички спортски натпревар во одбојка – ученички(мешан состав на екипите од двете училишта). После пријателскиот натпревар професорот по физичко и здравствено образование од нашето училиште Александар Аргировски им одржа кратко предавање на ученичките за спортот и здравјето, бидејќи во Октомври се одбележуваат Недела на спортот и Недела на движењето „Движи се за здравје“.

После пријателскиот натпревар каде имаше една пријатна средба на две другарки одбојкарки од двете училишта ученичките беа поканети на сладок одмор во наставничката канцеларија. На оваа средба беше потпишан анекс на Меморандумот за соработка на нашата нова Директорка Даниела Штерјова и Директорот на Тефејјуз- Саладин Зекир.

Исто така на гостите од ООУ„Тефејјуз“ им беше соопштено дека двајца од нивните ученици кои учествуваа на конкурсот за нашиот патронат на тема „Чистата околина предуслов за унапредување на здравјето“ освоија пофалници .За учество во ликовен дел од конкурсот на ученичката од 9 одд. Гизем Омерагич и за литературниот дел од конкурсот на ученичката од 4 одд.Езги Рамадан. Пофалниците ќе им
бидат лично врачени од нашата Директорка на нашата следна средба во нивното училиште.
Средбата помина во пријатна и позитивна атмосвера.

2023/2024

Покрај реализацијата на работилниците во текот на учебната 2023/24 година одржавме и работилници, прослави и соработка со колегите и учениците со партнер училиштето ООУ„Тефејуз“. Имавме посета на учениците од партнер училиштето за патронатот на нашето училиште, при што се одржа Еко акција за садење на цвеќиња во дворот на училиштето, Заедничка посета на Плоштадот „Делфина“ во Влае каде се одбележа Роденденот на Општина Карпош, Посета на учениците и учество во новогодишната приредба на нашето училиште (со танцова точка-валцер и народно оро). Од наша страна имавме посета на Одбележување на Денот на детето. Учество на приредба по повод Денот на Ататурк, Работилница за изработка на македонско –турски речник, Заедничка креативна работилница на учениците од двете училишта на тема „Детето е украс на Светот“, при што се изработија хамери, игри со балони, бевме на традиционална изработка и продажба на традиционална турска храна(и секако дегустација). На крај на училишната година со координаторката на МИО од ООУ „Тефејуз“ ги направивме завршните извештаи и подготовка за следната учебна година.

„Цветно дефиле“

По повод роденденот на Општина Карпош на 11.11.2023(петок) се одржа „Цветно дефиле “на кое покрај дечиња од сите градинки и училишта од општината учество зедоа и нашите ученици од IV одд. и гостите IV и V одд. од партнер училиштето од проектот МИО „Тефејјуз“ од Општина Чаир предводени од координаторката на училиштето Јелиз Ахмет. Ова беше добар мотив за дружење и забава на учениците од двете училишта. Главно обележје на прославата како и секоја година се детето и цвеќето па по тој повод освен што наши ученици имаа танцувачка точка тие носеа пароли декорирани со цвеќе, цветни венчиња и крунички на главите , брошеви со цветни елементи и сл. На дефилето од нашето училиште беа учениците и наставничките од IV одд. Директорката на нашето училиште Даниела Штерјова, Наташа Пејчиќ со своите ученици, Силвана Крстевска како дел од СИТ тимот на МИО и јас Гордана Мисајловска како координатор на МИО. Покрај убаво декорираната цветна парола со име на училиштето гостите ученици од „Тефејјуз“ носеа бели маички со цветен дезен(виолетов цвет) . После завршување на „Цветното дефиле“ сите ученици се вратија во своите училишта да ги споделат импресиите со другите другарчиња од училиштата.

Посета на МТВ “ЅВОН”

Во рамките на заедничките предвидени посети и активности од МИО проектот со колешките од партнер училиштето ООУ„Тефејуз“-Чаир остваривме посета на МРТ во Детско-рекреативната и едукативна емисија “Ѕвон“ на 3.5.2023 год,со наши заеднички точки. Гостувањето во емисијата го проследија советнички од МОН кои беа воодушевени како од самото гостување во емисијата така и од примената и реализацијата на проектот МИО во нашите две партнер училишта. Учениците цртаа, пееја, танцуваа, забавуваа и се дружеа.

Посета на музејот на Мајка Тереза

Во музејот на Мајка Тереза пристигнавме во 12:00 часот. Активноста започна со поздравување и на двата јазика на учениците меѓу себе. Беше организирано едукативно разгледување на музејот. Учениците се запознаа со животот и делата на Мајка Тереза. Ликот и делото на Мајка Терезе интерактивно го претстави кустосот на музејот Лина Герг која љубезно не поздрави на двата јазика македонски и турски. После предавањето учениците изработуваа честитки за Мајка Тереза во креативниот центар во музејот. Учениците изработувајки ги честитките се дружеа меѓу себе како и родителите. Целата активност траеше 2 часа учениците, натавниците и родителите разговараа меѓу себе се дружеа. Целата активност ја снимавме и направивме краток филм како и фотографии. За време на активноста учениците од двете училишта се однесуваа според нормални правила на однесување. Беше воспоставена не само комуникацијата туку и дружење на учениците од двете партнер училишта.

Етвининг проекти

2022/2024

Проекти

2023/2024